Екипата на Барселона продолжи да доминира во шпанското ракометно првенство и запиша нова убедлива победа на домашен терен. Нова „жртва“ на каталонците беше екипата на Фригорификос Моразо, која си замина од „Палау Блауграна“ со пораз од 37-19 (15-10).
Победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент, а нашиот голгетер Кирил Лазаров беше најефикасен и непогрешлив со 6 погодоци од исто толку обиди. Борко Ристовски доби шанса во второто полувреме и имаше одличен процент на одбрани (10/19).
Барса стигна и до 22. победа во исто толку натпревари во АСОБАЛ лигата и остана на првото место пред Адемар Леон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.