Пратеници, речиси целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, бизнисмени, професори… биле следени и прислушувани со решенија потпишани од тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во перидот од 1992 до 1995 година. Професорот Фрчкоски денес е најголемиот противник за важење на законот за лустрација по 1991 година.
Комисијата за верификација на фактите вчера го објави досието на Љубомир Фрчкоски од кое се гледа дека тогашниот министер за внатрешни работи потпишувал решенија за следење поединци врз основа на Законот за основите на системот за безбедност од 1984 годнина на СФРЈ. Во решенијата за следење за речиси сите граѓани стоело дека следењето се применува бидејќи со своите активности можеле да ја загрозат безбедноста на државата и работеле спротивно на Уставот на Република Македонија.
Значи зборуваме за потпишани решенија за следење поединци во независна и демократска Република Македонија, со нов демократски Устав (еден од авторите на Уставот беше токму Фрчкоски). Во тој период останала важноста на некои од комунистичките закони на СФРЈ, кои полицијата очигледно широкоградо ги користела и толкувала.
Од она што се дознава, меѓу прислушуваните и следените лица било речиси целото тогашно партиско раководство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нивни пратеници, бизнисмени поддржувачи на партијата, професори…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерството за животна средина купи телефонска централа која може да ја снима фиксната телефонија
-
Пет знаци кои укажуваат на тоа дека некој ви го прислушкува телефонот
-
Фрчковски со закана до судиите дека ќе одговараат кривично, се создава судство по теркот на СДСМ!?
-
Не полнете ги мобилните телефони преку ноќ: Овој човек го држел телефонот на полнач цела ноќ, плати со живот