| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица за заедничка Македонија: На народот му е доста и од циничното понижување од дипломатите

133625577Струмичани и вечерва со протестен марш  ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Кај граѓаните има насобрано голем гнев последниве три години откако СДСМ и Тирана работат против севкупните македонски интереси. На народот му е доста и од циничното понижување од страна на дипломатите кои лажат дека говорат во име на ЕУ земјите, истакна Јане Ангелов од Струмица.

Граѓаните читаа патриотска поезија и ги повторија пораките за зачувување на унитарноста на Македонија, за нејзиниот идентитет, име, химна, знаме, отфрлање на тиранската платформа и заштита на уставноста и законитоста.  Граѓаните потоа протестираа низ централното градско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top