Струмичани и вечерва со протестен марш ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Кај граѓаните има насобрано голем гнев последниве три години откако СДСМ и Тирана работат против севкупните македонски интереси. На народот му е доста и од циничното понижување од страна на дипломатите кои лажат дека говорат во име на ЕУ земјите, истакна Јане Ангелов од Струмица.
Граѓаните читаа патриотска поезија и ги повторија пораките за зачувување на унитарноста на Македонија, за нејзиниот идентитет, име, химна, знаме, отфрлање на тиранската платформа и заштита на уставноста и законитоста. Граѓаните потоа протестираа низ централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст