| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која ги згрози сите

Една фотографија, снимена непосредно по терористичкиот напад во Лондон, кој се случил во средата на Вестминстерскиот мост во близина на британскиот Парламент, предизвикала лавина реакции.

На неа се гледа една жена, некои велат муслиманка, која минува покрај една од жртвите на нападот, и без да и обрати внимание на неа, гледа во својот мобилен телефон. Настраданото лице е покриено и околу него стојат неколку граѓани и двајца болничари.

Не ја интересира или е преплашена?

Еден корисник, кој меѓу првите ја објавил фотографијата на Твитер, напишал: „Не обраќајќи внимание на терористичкиот напад, муслиманка лежерно минува покрај жртвата гледајќи во својот мобилен телефон”.

C7jHz9bW0AAcJjn

Веднаш се развила расправа за тоа дали жената навистина е бесчувствителна или можеби шокирана и исплашена.

„Можеби е исплашена, збунета и шокирана, како што биле и Британците во тие моменти. Можеби контактира со своето семејство за да ги извести дека е добро”, напишал друг твитерџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top