Цеца Ражњатовиќ маѓепсала еден милионер, кој и го отстапил островот Ластавица, познат по тврдината Мамула, во Црна Гора за да сними спот за песната „Анџео другог реда“.
Како што дознаваат српските медиуми, тој бизнисмен кој е од странство, не ја запознал фолк ѕвездата, но слушнал за неа и е фасциниран од нејзиниот живот и работа. Затоа Цеца дикретно од Данска, одлетала на Црногорското приморје, и останала два дена.
„Целиот проект е работен во тајност, бидејќи Цеца не сакала да се пишува и зборува за ова додека не биде се завршено. Што се однесува до човекот кој и го отстапил островот, е моќен маж кој живее и работи во странство, кој одлично знае која е Цеца. Тој минатото лето бил на нејзиниот концерт во Будва, но тогаш не се запознале, бидејќи веднаш по настапот заминала за Србија. Кога слушнал дека тимот на пејачката е заинтересиран на неговиот остров да сними кадри за нејзиниот спот, бизнисменот се одушевил и со задоволство им го отстапил островот и им дозволил да го реализираат овој проект“ – раскажува добро известениот извор.
Пејачката на ова кажа: „Во договореното време дојдов на снимањето. Ништо повеќе од ова не можам да кажам, бидејќи по снимањето на кадрите заминав во Бугарија на концерт. За се што е поврзано со снимањето на спотот на тој остров, можете да се обратите кај моите соработници.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.