| четврток, 6 декември 2018 |

Грев од младоста – Америка зборува за љубовниот скандал на Иванка Трамп

ian

Постарата ќерка на американскиот претседател Иванка Трамп во јавноста е почитувана како малку кој друг член на семејството Трамп. Во медиумите таа важи за успешна деловна жена од стил, мајка и способна жена, но и таа била немирна во тинејџерските години. И токму една приказна од тие години, поточно љубовен скандал на совршената ќерка ги забавува американските медиумите овие денови.

Иванка како тинејџерка често со семејството идела на зимување во монденскиот Аспен. Едно зимување Трампови го паметат по тревогата која ја предизвикало исчезнувањето на Иванка, пишува „Аспен Дејли Њус“.

Забележувајќи дека му ја нема ќерката, Доналд Трамп истиот момент го пријавил нејзиното исчезнување, а локалната полиција  се фрлила во потрага. Во тоа време немало, какод денес, мобилни телефони, па не било можно лесно да се открие нечија локација.

После голема потрага, Иванка е откриена и тоа во хотелската соба во која цело време се криела со момчето. Полицијата експресно ја вратила Иванка кај татко и.

„Аспен Дејли Њус“ не го навел временскиот период кога се случил тинејџ скандалот, како ни кој е тинејџерот кој ја „украл“ Иванка, но познато е дека ќерката на претседателот на САД последен пат била во Аспен со татко и и мајка си во 1998 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top