Научниците првпат откриле средство кое би можело да го излечи мозочниот удар, втората најголема причина за смртност во светот, пренесуваат медиумите.
Новооткирениот лек, протеинот Хи1а е составен дел од отровот на австралискиот пајак
(Hadronyche infensa), а истражувањата спроведени врз глувци утврдиле дека една доза од Хи1а вбризгана два часа по ударот ги намалува оштетувањата на мозокот за дури 80 отсто. истата доза би вродила со плод и по осум часа, би ги намалила оштетувњата за околу 65 отсто.
Научниците веруваат дека протеинот би можел слично да делува и кај луѓето. Клиничките истражувања на пациенти би требало да започнат во следните две години и ако лекот се потврди кај луѓето, тоа ќе биде прво средство за лечење на последиците од мозочниот удар.
– Протеинот Хи1а ги блокира каналите за препознавање на киселините во мозокот поради кои доаѓа до оштетување на мозкот по ударот – истакна Глен Кинг од универзитет Квинсленд во Австралија, еден од водечките истражувачки и наставни институции.
Во повеќето мозочни удари, таканаречени исхемијски удари се прекинува дотокот на крв во одреден дел на мозокот. Најчеста причина е некое крвно згрутчување кое настанува локално или некаде во телото.
Телото реагира на удар така што ја разградува глукозата за да го компензира недостатокот на кислород. Но, во овој процес се создава киселина која ги разорува клетките на мозокот.
Новото истражување претставено во списанието „ПНАС“ покажува дека протениот Хи1а го запира разорниот процес така што ја блокира способноста на клетките да ги препознаат насобраните киселини со што го спречува одумирањето на невроните.
Овој протеин е откриен случајно додека научниците секвенцирале ДНК на пајак.
Од мозочен удар секоја година умираат околу 6,7 милиони луѓе, а стручните лица проценуваат дека бројот на инвалидноста и преранетата смрт предизвикана од мозочен удар во следните 15 години би можел двојно да се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.