Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, оние што ќе бидат костурот на селекторот Благоја Милевски за следните квалификации за ЕП во Италија 2019 година, утре ја очекува проверка со Црна Гора. Нашиот селектор повторно потенцира дека оваа средба е последниот филтер во селектирањето на фудбалери, кои ќе ги започнат квалификациите за следниот континентален собир.
– Натпреварот со Црна Гора пред ќе биде показател за психолошката подготвеност на фудбалерите да покажат дека можат да се носат со притисокот кој го носи еден ваков натпревар со противник кој е подобро рангиран од нашата селекција. Верувам дека фудбалерите ќе го покажат својот квалитет и односот кон репрезентацијата ќе им биде на највиското ниво. Поголемиот дел од играчите во составот во своите нозе веќе имаат натпревари од Европските квалификации и затоа во моментов се во предност пред останатите. Но, секој што ќе добие шанса мора да го потврди квалитетот на теренот, на нив самите е дали ќе го задржат местото во репрезентацијата. Финалното селектирање за фудбалерите, кои ќе ги започнат квалификациите за ЕП во Италија претставува натпреварот со Црна Гора“ , вели Милевски.
Дуелот со Црна Гора на програмата е веќе утре на централниот терен при тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток од 14.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.