| четврток, 6 декември 2018 |

Одела да си ги земе децата од училиште: Познат идентитетот на првата цивилна жртва

Мајка, која во моментот одела да си ги земе децата од училиште, е првата цивилна жртва од вчерашниот терористички напад во Лондон, чијшто идентитет ѝ беше откриен на јавноста.

Се работи за 43-годишната Ајша Фраде, наставничка по шпански јазик во шестто одделение во улилиште близу мостот „Вестминистер“. Ајша била на пат до училиштето на нејзините две деца, на возраст од 8 и 11 години, кога напаѓачот почнал со автомобилот да коси сѐ пред себе.

1490259049_990507_1490260386_noticia_normal

Во вчерашниот терористички напад во Лондон загинаа три цивили, еден полициски службеник и самиот напаѓач. Беа повредени околу 40 лица, од кои седум се во критична состојба.

Screenshot

Семејството на Ајша потекнува од шпанскиот град Бетанзос, во близина на Ла Коруња. Таа е родена во Британија и е во брак со Португалец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top