Новинарите од медиумите што не се под контрола на СДСМ, оние кои Зоран Заев ги нарече свои непријатели, а Катица Јанева не пропушти да им се реваншира за „непријателството“ кон Заев, ја бојкотираат денешната прес-конференција на СЈО.
– Поради континуираниот политички притисок врз дел од медиумите, ние одлучивме да ги спуштиме камерите и да не ги следиме вашите прес-конференции – рече Љупчо Златев од „Вечер“, по што новинарите, снимателите и фоторепортерите го напуштија циркусот на Катица Јанева.
Новинарите протестираат против репресијата и притисоците од страна на СЈО врз медиумите и последниот атак, со кој директно се врши прогон на ТВ „Нова“ и нејзиниот сопственик Сеад Кочан.
Новинарите порачуваат дека новинарството не е криминал, а граѓаните имаат право да добиваат точни, навремени и проверени информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст