| четврток, 6 декември 2018 |

Медиумите што не се под контрола на СДСМ ги спуштија камерите поради притисокот од СЈО (ФОТО)

Новинарите од медиумите што не се под контрола на СДСМ, оние кои Зоран Заев ги нарече свои непријатели, а Катица Јанева не пропушти да им се реваншира за „непријателството“ кон Заев, ја бојкотираат денешната прес-конференција на СЈО.

– Поради континуираниот политички притисок врз дел од медиумите, ние одлучивме да ги спуштиме камерите и да не ги следиме вашите прес-конференции – рече Љупчо Златев од „Вечер“, по што новинарите, снимателите и фоторепортерите го напуштија циркусот на Катица Јанева.

mediumi

Новинарите протестираат против репресијата и притисоците од страна на СЈО врз медиумите и последниот атак, со кој директно се врши прогон на ТВ „Нова“ и нејзиниот сопственик Сеад Кочан.

Новинарите порачуваат дека новинарството не е криминал, а граѓаните имаат право да добиваат точни, навремени и проверени информации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top