На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи грѓанскиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Повторно беше упатена пораката за унитарна Македонија, но беше искажана и јавна благодарност, како и поддршка до преседателот Ѓорге Иванов.
– Иванов во овие тешки моменти за нашата земја покажа и докажа како треба исправно да се постапува кога е загрозена државата. Целта на протестниот марш е да упатиме порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани без прифаќање платформи создадени во туѓи држави – рече Даме Силјаноски од името на Иницијативата.
Протестот заврши со мирен марш низ улиците на Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Локализирани пожарите во околината на Kичево
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Град и невреме го опустоши Кичево: Нема електрична енергија
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)