| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од Кичево: Иванов покажа како треба исправно да се постапува кога е загрозена државата

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи грѓанскиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.

17467715_1516369811707029_1023749831_n-1-640x480

Повторно беше упатена пораката за унитарна Македонија, но беше искажана и јавна благодарност, како и поддршка до преседателот Ѓорге Иванов.

– Иванов во овие тешки моменти за нашата земја покажа и докажа како треба исправно да се постапува кога е загрозена државата. Целта на протестниот марш е да упатиме порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани без прифаќање платформи создадени во туѓи држави – рече Даме Силјаноски од името на Иницијативата.

17474774_1516369858373691_437927041_n-640x480

Протестот заврши со мирен марш низ улиците на Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top