Олимпија сака да го ангажира македонскиот селектор и актуелен тренер на МЗТ Скопје, Алеш Пипан, а директорот на љубљанчаните, Матевж Жупанчич, вели дека можат да понудат многу повеќе пари од македонскиот првак за услугите на Словенецот.
– Имам чувство дека Пипан сака да се врати во Словенија и да работи во родната земја. Ние можеме да му понудиме и подобри услови и повеќе пари на Алеш. МЗТ Скопје не може да се носи со нас и претпоставувам дека му плаќаат многу помалку од сумата што ќе ја понудиме. Сепак, Пипан не е единствениот кандидат за тренер на Олимпија – изјави Жупанчиќ за словенечкиот „Сиол.нет“.
Олимпија го смени Македонецот Сашо Филиповски, а сака да си го врати некогашниот свој играч Пипан, но сега како тренер. Алеш беше дел од познатата генерација на „Змајчеки“ предводена од Петер Вилфан, во 80-тите години од минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика