| четврток, 6 декември 2018 |

Гем, сет, меч за дождот на Ролан Гарос

Дождот на Ролан Гарос си поигрува со тенисерите и со тенисерките, па и денеска програмата често е во прекин поради невремето во Париз. Малку се игра, повеќе се паузира, а моментно на терените во тенискиот храм во булоњската шума нема тенис. Пред дождот по вторпат да ја одложи програмата на Ролан Гарос, само Јелена Јанковиќ, Жи Женг, Саманта Стосур и Ормачеа победнички ги завршија натпреварите во женска конкуренција, додека кај мажите побрз од невремето беше само Романецот Виктор Ханеску, и тоа благодарение на откажувањето на Дмитри Турсунов поради повреда.

Rolan gaross

Без игра во шеснаесеттина-финалето се пласира и Филип Колшрајбер откако неговиот противник Јен-Су Лу се откажа од настапот на вториот гранслем сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top