| четврток, 6 декември 2018 |

„Вашингтон Пост“ за протестите во Македонија: Десетици илјади луѓе на улиците во Скопје

vasington-post-768x310

Американскиот весник „Вашингтон пост“ вечерва известуваше за најмасовниот досега протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, потенцирајќи дека десетици илјади граѓани излегле на улиците во Скопје.

– Десетици илјади демонстранти се собраа на протести за време на посетата на претставникот на Европската Унија во главниот град на Македонија, Скопје, кој се обидува да се пробие во политичкиот ќор-сокак што три месеци ја остави земјата без влада, пишува весникот.

Виорејќи ги црвено-жолтите национални знамиња, демонстрантите извикуваа “Македонија, Македонија “. Организаторите на протестите велат дека тие се одржуваат на 4о локации низ земјата, а големи транспаренти беа истакнати по рутата на Хан, од аеродромот до главниот град.

Двете најголеми партии во Македонија немаат доволно пратеници за формирање влада по парламентарните избори кои се одржаа во декември минатата година. Тие ќе треба да формираат коалиција со партии на албанското малцинство, кои бараат албанскиот јазик да биде втор официјален јазик во земјата, пишува весникот.

Според Вашингтон пост, владејачките конзервативци го отфрлија барањето на малцинствата во првиот круг. Претседателот Ѓорге Иванов, сепак, одби да го предаде мандатот на Социјалдемократите за да формираат влада, додека и тие не ги отфрлат барањата на Албанските партии.

Иванов, кој не се сретна со Хан, тврди дека барањата за јазикот се обид да се уништи карактерот на Македонија, пишува весникот.

Според весникот, Македонија е заклучена во голема политичка криза во последниве две години, предизвикани од скандалот со прислушувањето и обвинувањата за корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top