Тело на непознат маж било пронајдено вчера во езерото Гaраши во Србија. Надлежните се сомневаат дека е тоа исчезнатиот фубалер Бојан Ломиќ по кого се трага од минатиот месец. Телото во близина на еден од мостовите на езерото го пронашол рибар кој веднаш ја известил полицијата.
– Телото е испратено на обдукција по што ќе се утврди идентитетот на давеникот, кратко информирале од полицијата.
Дејан Ломиќ, брат на исчезнатиот Бојан, вчера изјавил дека бил повикан во полиција по пронаоѓањето на телото во езерото.
– Јакната и патиките би можеле да припаѓаат на мојот брат. Бидејќи телото долго стоело во вода, не можев да го идентификувам, но полицијата денеска ќе земе ДНК од нашите родители за да провери дали станува збор за Бојан, вели Ломиќ.
За потсетување, Ломиќ исчезна на почетокот на февруари кога тргна на тренинг во новиот фудбалски клуб. Неговиот автомобил бил пронајден по неколку дена од исчезнувањето, а во него биле пронајдени шише коњак и проштално писмо до неговата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.