Во Рим, Италија, последниве денови се појавиле диви свињи, односно вепри, кои ги плашат и напаѓаат граѓаните. Медиумите известуваат и за првата жртва, 49-годишниот Назарено Алесандри, кој пред неколку вечери настрадал кога го нападнала и турнала дива свиња додека возел со својот мотор.
Како што тврдат очевидците, иако имал кацига, одлетал и удрил со главата во асфалт. Иако Итната помош набрзо се појавила, Назарено веќе починал, а неговиот „убиец“ побегнал.
Еден ден пред овој несреќен настан на периферијата на градот дошло до сообраќајна несреќа кога еден вепар се удрил со автомобил. Возачот бил полесно повреден, вепарот умрел, а автомобилот бил целосно уништен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.