Француската градежна компанија Винчи нема да учествува во изградба на ѕидот по должина на границата меѓу САД и Мексико, што го најави претседателот на САД Доналд Трамп, потврди извршниот директор на компанијата.
-Морам да сметам на реалноста во мојата компанија, на нашата култура, како работиме и кои се нашите чувства, не само на моите американски колеги, туку на работниците во целиот свет – рече Хавиер Илард, за телевизијата БФМ Бизнис.
-Поради овие причини, а тоа не значи осуда за САД; ние преферираме да не го допреме тој ѕид – додал Илард.
Бариерата која Трамп ја вети дека ќе ја дигне на границата меѓу САД и Мексико, е проект вреден десетици милијарди долари, е во центарот на дипломатската криза меѓу Мексико Сити и Вашингтон, и предизвикува критика во целит свет.
-Ако решиме да правиме нешто што ќе го навреди мнозинството наши вработени, тогаш попаметно е да го избегнуваме тоа- додава Илард.
Вичи е една од последните компании кои одбива да учествува во милијарди вредниот проект кој значи огромна заработка за набавувачите и градежниците.
Извршниот директор на конкурентната компанија на Винчи, компанијата Бојаж, минатиот месец рече дека дека не се заинтересирани за проектот, при што истакна дека тоа ќе биде метална конструкција за што тие не се доволно стручни.
Но, од друга страна француско-швајцарската група ЛафаржХолцим е подготвена да го продаде својот цемент за изградба на контроверзниот ѕид, рече шефот на оваа компанија во интервју порано овој месец.
-Ние ги снабдуваме нашите потрошувачи. Немаме политички поглед на работите – рече Ерик Олсен за АФП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Доналд Трамп тврди: Мексико ќе плати за ѕидот и ќе ужива во процесот!
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?