Шпанскиот гигант Барселона веќе ги продолжи договорите со дел од стандардните првотимци, но остануваат уште две важни прашања во однос на овој аспект-тоа се Андрес Иниеста и Лионел Меси.
Тие се обврзани со каталонците до 2018 година, па често се појавуваат одредени шпекулациите во јавноста околу нивната иднина на „Камп Ноу“. Капитенот и заменик капитенот веќе со години се носители на играта на каталонците, а така се планира да биде и во следните години.
Тоа го потврди спортскиот директор, Роберт Фернандез кој е убеден дека Андрес и Лео ќе ја продолжат соработката.
– Меси ќе го обнови договорот, тоа веќе го кажав. Среќен е во Барселона, се чувствува конфорно во тимот и средината е перфектна. Не се сомневам дека ќе потпише нов договор, се гледа по неговите очи оти е задоволен тука. Искрено не сакам многу да говорам, зошто знам дека има гласини на оваа тема. Иниеста исто ќе го обнови договорот и ќе го направи во негово време. Воопшто не се сомневам во тоа – посочил Фернандез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.