Шпанската Фудбалска Федерација денеска и официјално го објави терминот за одигрување на најновото Ел Класико, пресметката меѓу Реал Мадрид и Барселона што ќе се игра во рамките од 33. коло во Примера дивизија.
23 април е датумот на кој двата голами ривали ќе ги одмерат силите на „Сантијаго Бернабеу“, меч што според сите прогнози ќе го реши и прашањето на новиот шампион на Шпанија. Во игра беа неколку термини, но на крајот беше решено Ел Класико да се игра во вечерен термин, со почеток во 20.45 часот.
Само за потетување, Реал Мадрид моментно е првопласиран со два бода предност во однос на Барселона, но и меч помалку од каталонскиот гигант (одложениот против Селта на гостински терен).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.