
– Наидовме на одличен прием кај челниците на УЛЕБ. Имавме и успешна презентација, а бевме пријатно изненадени од тоа што УЛЕБ знаеше буквално сеж за нас и за условите кои ги нудиме како клуб. Тие својата работа ја имале до најситен детал сработено однапред, што пријатно неж изненади. Сеж ќе се знае кон крајот на третата недела во јуни, а дотогаш ни останува да продолжиме со нашите напори и лобирања во УЛЕБ – изјави Сашо Босилков, кој како претставник на еден од спонзорите на клубот беше во Барселона.
Првиот човек на МЗТ, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, кој, исто така, беше на состанокот во седиштето на УЛЕБ, во изјавите за „Нова Македонија„ од пред еден месец ја истакна заложбата на управата на клубот за барање вајлд-карта од УЛЕБ за настап и во Еврокупот, како второ меѓународно натпреварување во кое аердромци би учевствувале од следната сезона. Според правилата на Македонската кошаркарска федерација, МЗТ Скопје нема да игра во првиот дел на Суперлигата следната сезона само ако се натпреварува во две меѓународни натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика


