| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца македонски поети учесници на поетскиот фестивал „Борина недела“ во Врање

Македонските поети Христо Петрески, Јордан Ѓорчев и Трајче Кацаров, ќе бидат учесници на педесеттатаманифестација Борина недела, која традиционално се одржува во Врање (Србија) – родното место назнаменитиот писател Борисав Станковиќ.

Во слава и чест на познатиот автор на Коштана, Нечиста крв  и други познати и значајни дела, од 23 – 29 март, Врање по 50-ти пат ќе биде домаќин на голем број истакнати писатели од Србија и странство.

Годинашната манифестација Борина недела слави три јубилеи: 50 години на манифестацијата, 140 години одраѓањето на Борисав Станковиќ и 25 години од востановувањето на Борина награда. А, честа да учествуваат инастапат македонските поети ќе ја имаат на самото свечено отворање кое ќе започне со претставување насовремената српска и македонска поезија, односно со настап на српски и македонски поети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top