22 –то коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување се одржа на 18.03.2017 година на ТВ Сител, го донесе и петнаесетиот добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34.
Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ . Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето , а добитна е седмата комбинација од уплатените.
Инаку само пред три кола во Тетово беше уплатена и добитна комбинација за добивката 6+1 , но во среќното место Детектив 001 во Веро – Тетово.
Среќниот добитник на седумката го очекуваме во посета на Државна лотарија на Македонија , и со нетрпение ја очекуваме неговата приказна за неговите среќните броеви .
Оваа седумка е прва во оваа 2017 година , а Фондот за седумка од наредното коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија .
Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над 600.000 денари , бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје