| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан крадец фатен на дело: Тргнал да ограбува, па се заглавил во прозорец

kradec

Францускaта полиција одзивајќи се на пријава за кражба во продавница во месноста Молон­-Лишар во југозападна Франција, го пронашле осомничениот крадец­ заглавен во отворот на прозорецот кој претходно го направил со помош на чекан, јавија француските медиуми.

Полицијата, која очигледно имала лесна задача, објавила и фотографија од 46­ годишниот крадец заглавен во отворот. ­

– Тој во алкохолизирана состојба ја ограбил продавницата, но се заглавил во прозорецот пред да биде уапсен, стои во полициското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top