| четврток, 6 декември 2018 |

Нови избори се вистинското решение за излез од кризата

Нови избори се вистинското решение за излез од кризата, дециден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вечерва гостуваше во вестите на Канал 5. Тој останува на ставот на партијата дека повлекувањето на Албанската палтформа е услов да го поддржат СДСМ за формирање малцинска влада.
– Ние понудивме две решенија – брзи предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Знали, нема да има дополнителен трошок, зашто локалните избори се редовни и тие мора да се одржат.
На една од анкетите што ги направивме над 70% од граѓаните Македонци ценат дека треба да се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Само 12-13% сметаат дека не треба. Тоа значи дека и многу од луѓето кои гласале за СДСМ се за предвремени избори. Па таму Зоран Заев нека ја претстави својата платформа, нека ги изнесе бинационална држава, федерализација, па ако народот му даде поддршка, тогаш во ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top