| четврток, 6 декември 2018 |

Очекуваме Хан да ја отфрли Тиранската пратформа, чијашто цел е федерализација како претпоследна фаза во распарчувањето на Македонија

Доколку не се настапи како што досега беше победник со победник, тогаш овој документ кој е направен во Тирана ќе ни направи проблеми со функционирање на државата, рече во гостувањето во дневникот на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Тој документ води кон федерализација на земјата, таа платформа не е од сега, таа е од многу порано, но сега најдоа човек кој сака да си ги прикрие криминалите и ќе прифати секакви платформи за да дојде на власт. Промена на името и водење кон бинационална држава и федерализација е она што е утврдено во платформата и тоа е она што сака да го направи СДСМ, вели Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека очекува Хан да ја осуди Тиранската платформа направена во туѓа држава.
-Она што ние ќе го понудиме на средната со Хан е она што и ние го говориме целиот овој период и е во духот на нашата партија, но ние очекуваме Хан да ја осуди тиранската платформа, ЕУ во 2008-та година ни наметна да коалицираат победниците од македонскиот и албанскиот блок и тоа треба да остане и во иднина, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top