Во Охрид вчера се одржа Регата во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“, а централниот настан се случуваше во Охридското езеро и наместо да се маршира поддржувачите со бродови и кајчиња ја искажаа својата поддршка за унитарна и заедничка Република Македонија.
Освен регатата вчера охридските нуркачи во знак на поддршка го развиореја и знамето „За заедничка Македонија“ под водите на Охридското езеро.
Ова е само уште еден доказ дека масовноста на граѓанската иницијатива се повеќе расте, а од утре се закажани и многу масовни протести низ сите градови низ Македонија.
извор: ОХРИД 24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.