| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Петров Викса: Во Македонија од една страна имаме чисто етнички партии, а другите се организираат мултиетнички

Во Македонија од една страна имаме чисто етнички партии, а другите се организираат мултиетнички. Комплицирано е и личи на рецептура за да се скараме – вели водителот Виктор Петров Викса во коментар за актуелните политички случувања во „ОКО“ на „ТВ НОВА“.

– Со обичните луѓе го живееме истиот воздух, сонце, имаме различни мислења и понекогаш ме фаќа срам како реагира општетсвото. Ако ги гледаш како заендица, отстапуваат и Албанците, Македонците, Ромите и секогаш може да биде подобро. Окото го гледа тоа што сака да го види, ако сакаш да видиш демократија ќе ја видиш – рече Викса.

Виктор Петров Викса и Дарко Мијалков гостуваа во ОКО на ТВ НОВА каде зборуваа за политиката, јавниот живот и кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top