Начинот на кој го започнувате денот, обично дава тон на следните часови од него. Ако тој започнува без енергија и деновите ви се непродуктивни, можеби правите некоја од следните шест утрински грешки.
1. Повторно го навивате будилникот – Вистината е дека секој пат кога го навиете алармот и повторно заспиете, вие почнувате циклус на сонот, кој нема да може да заврши. Значи, кога ќе се разбудите, ќе се чувствувате многу уморни и мрзливи.
2. Не стојте свиткани во кревет – Кога ќе се разбудите, истегнете ги нозете и рацете, додека сеуште сте во кревет. Колку повеќе се растегнувате, толку посигурни и среќни ќе се чувствувате во текот на денот. Оние кои се будат, свиткани на топка, имаат тенденција да бидат многу поспани.
3. Никогаш не проверувајте електронска пошта по будењето – Проверката на e-mail, штом ќе се разбудите, го одвлекува вниманието од најважните задачи за денот.
4. Местење кревет – Колку и чудно да звучи, местењето кревет наутро е поврзано со зголемување на продуктивноста во текот на остатокот од денот. Покрај тоа, оваа важна навика е првиот чекор која ќе ви помогне да се здобиете и со други корисни навики.
5. Избегнувајте да пиете кафе – Ако сте еден од оние луѓе за кои чашата кафе е првото нешто наутро, тогаш е време да го преиспитате своето однесување. Меѓу 8 и 9 часот нашето тело произведува големи количини на хормони, зафатен со енергетско регулирање наречен кортизол. Ако пиете кафе пред 09:30 часот, вашето тело ќе го намали производството на кортизол и ќе имате помалку енергија.
6. Не се будете во темнина – Внатрешниот часовник на телото ни е чувствителен на светлината и темнината. Ако се разбудите при слаба светлина, мозокот може да тргне наопаку и да остане во поспана состојба. Повлечете ги завесите, а ако е темно надвор, само приклучете го осветлувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.