Тројца млади тетовци добиле криовични пријава затоа што пред еден месец грабнале жена, а потоа и нејзиниот сопруг само за да се изживуваат врз нив.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Д(24), С.Х(34) и Љ.Х(33) сите од Тетово, за кривично дело грабнување. Пријавените на 25-ти парил околу 2 часот движејќи се со патничко возило „голф“ управувано од Љ.Х, во Тетово, ја сретнале И.Ц(31) од Велес и со употреба на физичка сила насилно ја внеле во возилото, а по кратко време го сретнале и нејзиниот невенчан сопруг Џ.З (39) кого исто така го внеле во возилото и додека се движеле во правец на населбата Дреновец, физички ги малтретирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.