Австриски татко почна судски процес против неговата ќерка бидејќи му дошло преку глава да плаќа за нејзиното образование, барајќи таа да му ги врати парите.
Девојката студирала архитектура на универзитетот во Виена, а според татко и студирањето траело предолго. Затоа започнал тужба, барајќи да му се вратат 24.000 евра вложени во нејзиното образување.
Несудената архитектка студирала 13, додека просечното студирање на тој факултет трае осум семестри.
Бидејќи пониските судови не пресудиле во негова корист, фрустрираниот татко започнал постапка пред Врховниот суд. Врховниот сепак одлучил дека таткото, сепак е во право, заклучувајќи дека бил обврзан да плати само 10 од вкупно 13 семестри колку што неговата ќерка е на студии.
Покрај 24.000 евра, таа ќе мора да одвои и 8.000 евра за да ги плати судските трошоци.
Иако може да изгледа необично, адвокатската канцеларија која го застапувала таткото, последните две години работела на шест случни тужби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви