| четврток, 6 декември 2018 |

Пријава за бомба во Москва

Руската полиција трага по едно лице кое денеска испратило лажна пријава за поставена експлозивна направа на железничката станица Курск во Москва, поради што повеќе од 200 луѓе биле евакуирани.

– Не е пронајден никаков експлозив. Железничката станица продолжи со работа. Полицијата презема мерки за идентификација и апсење на лицето кои ја испрати анонимната дојава, наведува во своето соопштение Одделот за сообраќај при руското Министерство за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top