| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: СДСМ и СЈО имаат операција за репресирање на политичките неистомисленици

gjorcev-768x432

– Политичката криза веќе се продлабочува, затоа што, има конкретна операција од СДСМ, СЈО и целата композиција за репресирање на политички неистомисленици, изјави Владимир Ѓорчев во вестите на ТВ Нова.

– Прва на удар е ТВ Нова, но нас ни е најавено уште пред неколку години од страна на СДСМ дека на удар ќе бидат сите кои не мислат онака како што мисли нивниот центар за комуникации, истакна Ѓорчев и додаде дека според СДСМ треба да се затворат сите телевизии и да се замолчат сите медиуми.

Ѓорчев гостуваше во „Поенти“ на ТВ Нова со Гоце Михајлоски каде зборуваше за актуелните политички случувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top