| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган ги повика Турците во странство да имаат по пет деца

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган апелира до Турците кои живеат во Европа наместо да имаат три да имаат пет деца.

Тој обраќајќи се до милионската дијаспора истакна дека Турците во странство се иднината на Европа.

– Одовде можам да им кажам на моите граѓани, на моите браќа и сестри во Европа… Школувајте ги децата во подобри училиштa, обезбедете семејството да ви живее во подобар крај, возете подобри автомобили, живеjte во подобри куќи. Имајте по пет, а не по три деца. Вие сте иднината на Европа. Тоа е најдобриот одговор на непристојноста што ја покажуваат кон Вас, на непријателството, на неправдата, посочи Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top