Најголемиот непријател на жените, кога станува збор за изгледот, овен килограмите, е и целулитот. Маските, кремите, фластерите… се само некои од производите кои козметичката индустрија со гордост ги претстави. Сепак еднаква ефикасност имаат и овие две намирници од вашата кујна.
Всушност, станува збор за сода бикарбона и мед, намирници за кои експертите тврдат дека се чудотворни во отстранувањето на целулитот. За да се уверите во тоа што го говорат потребно е во една лажица мед да ставите една лажица сода бикарбона и да додадете многу малку вода, а потоа таа смеса да ја втриете на проблематичните места.
Важно е масажата да биде со силен интензитет и да трае три минути додека кожата не стане мазна и црвена. Содата е одличен пилинг, а медот ќе ја хидрира кожата. По неколку вакви масажи веројатно веќе ќе ја забележите разликата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.