| четврток, 6 декември 2018 |

Приведено уште едно лица за нападот во гимназијата во јужна Франција

fran

Полицајците, кои ја истражуваат вчерашната престрелка во гимназијата во градот Грас на југот од Франција, го привеле и братот на близок пријател на напаѓачот, јавија денеска француските медиуми.

Вчера беше приведен 17-годишен ученик, кој отвори оган во својата гимназија во Грас, град на 50 километри од Ница, веројатно поради лошите односи со соучениците.

Во нападот лесно беа повредени 14 лица, вклучувајќи го и директорот на гимназијата.

Напаѓачот е приведен без да даде отпор и веднаш почнал да зборува на распитот во полицијата, изјави извор запознат со истрагата.

Тројца ученици и директорот се уште се во болница.

Обвинителството на Грас ја исклучува можноста нападот да има терористички мотиви.

– Ова очигледно е инцидент на нестабилен млад човек, опседнат со огнено оружје, рече француската министерка за образование Нажат Вајо-Белкасем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top