Фанцузинот Никола Карабатиќ, ракометар на најбогатиот клуб во светот ПСЖ, е прогласен за најдобар играч за изминатата сезона од страна на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).
Французинот стана првиот ракометар што трипати се закитил со оваа титула по победите во 2007 и во 2014 година. Претходно, по двапати оваа награда ја освојувале Ивано Балиќ (2003 и 2006 година), Микел Хансен (2011 и 2015 година) и Талант Дујшебаев (1994 и 1996 година). На второто место се најде германскиот голман Андрас Волф, додека третата позиција му припадна на Микел Хансен од Данска.
Во женска конкуренција, наградата заврши во рацете на Кристина Неагу од Романија, која, исто така, по третпат е прогласена за најдобра ракометарка. Зад неа се пласираа Нора Морк од Норвешка и Нике Грот од Холандија.
Наградата за најдобар тренер заврши кај Дидие Динар од Франција, додека најдобар предводник на женска екипа е Торир Хергеирсон од Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.