| четврток, 6 декември 2018 |

Има 102 години, пуши 20 цигари дневно и секој ден пие вино

Начинот на живот на Маиси Стенг е спротивен од она што секој лекар го препорачува. Таа го прослави својот 102 роденден. Освен тоа, таа не пие лекови и има „лоши навики”.

Таа вели дека последните 75 години пуши по 20 цигари во денот и секоја вечер пред спиење пие по една чаша црвено вино.

Таа има уште еден „порок”, ако тоа може така да се нарече, многу сака да јаде банани и вели дека тоа е тајната на долговечноста.

Истражувањата покажуваат дека бананите помагаат кога имаме депресија, не прават попаметни, ја намалуваат утринската мачнина, спречуваат рак на бубрезите, дијабетес, остеопороза, слепило и уште многу други работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top