| четврток, 6 декември 2018 |

Бјонсе бесна на „H&M“ бидејќи со „фотошоп“ ѝ ги коригирале облините

Познатата музичка ѕвезда барала од „H&M“ да не ги пушта во јавност нејзините фотографии во бикини кои ги знимила за оваа модна марка бидејќи со „фотошоп“ ѝ ги намалиле облините.

– Кога Бјонсе дозна дека во рекламната кампања интервенирале на нејзините фотографии, беше бесна и забрани таквите слики да се објават бидејќи сакаше да се види нејзиниот природен изглед – раскажува нејзиниот пријател.

Модниот синџир претходно објави дека дивата ќе биде нивно заштитно лице на летната колекција. Бидејќи сликите се веќе објавени во јавност протече информацијата дека околу нив имало дискусија и дека сликите кои излегле во јавност не биле првиот избор на „H&M“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top