СЈО постојано ги крши основните принципи врз кои е заснован Законот за кривична постапка, но и основните принципи на содржината на Уставот, заклучи професорската Тања Каракамишева во врска со целата постапка во случајот на Сеад Кочан, кому денеска апелација му ја потврди мерката притвор.
„На овие обвинители не им пречи да ги кршат и пресумцијата на невиност, објективноста во постапката, легалитетот на законитоста, сега и информирањето на странките. Како е можно да не се почитува Законот за кривична постапка каде се вели дека за решението за притвор веднаш се информира странката, односно адвокатот на странката, а не како кај нас прво да дознае медиум, во случајов Телма што важи за блиска на СДСМ, потоа Катица Јанева, а на крај адвокатот Никола Додовски“, рече Каракамишева.
Тања Каракамишева, Сотир Костов и Александар Климовски гостуваа заедно во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Делумно прифатена жалбата на одбраната на Сеад Кочан“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.