Јоце Панов, кого фановите го викаат македонскиот Аца Лукас, наскоро ќе го промовира новиот албум, трет по ред кој ќе има две верзии- македонска и српско-хрватска.
Јоце Панов наскоро ќе го промовира новиот албум, трет по ред кој ќе има две верзии- македонска и српско-хрватска. Пејачот кој вложува поприлично многу во својата кариера и овојпат соработувал со најдобрите автори од овој регион, а дел од темите ги потпишуваат Бане Опачиќ, Никша Братош, Миро Буљан, Антонија Шола, Саша Драѓиќ…
Планирам да направам три големи промоции, во Скопје, Белград и Загреб и се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што го сработивме. За дел од темите ќе снимам и спотови”, откри Јоце кој има голема желба во иднина да ја претставува нашата земја на изборот за песна на Евровизија.
Евровизија е голем настан и сон на секој пејач, но не би одел по секоја цена, само доколку имам навистина голема песна, која ќе има големи шанси за победа таму, е тогаш би се натпреварувал”, додаде Панов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.