Одлуката за притворот на Сеад Кочан е нарачка од СДСМ до СЈО, за да се нанесе удар на еден од највидните Бошњаци во Македонија, сметаат од Бошњачката заедница во Република Македонија.
-Денеска сме тука, пред судот, за да изразиме револт од незаконското одредување на притвор на Сеад Кочан. Сметаме дека ваквата одлука на СЈО е нарачка на СДСМ, со цел да се нанесе удар на еден од највидните членови на Бошњачката заедница во Република Македонија. Намерата на СЈО е по диктат на СДСМ да изврши притисок на Бошњаците во Македонија, особено оние кои се најугледни и највидни, со цел да се замолчат во време кога се прави обид да се протуркаат другите интереси. Затоа СЈО прави хајка против Сеад Кочан, бидејќи тој е човекот кој многу и помогна на бошњачката заедница во Македонија, да се издигне силно и политички општествено, изјави Нермина Ќоровиќ од Бошњачката заедница.
Од заедницата порачуваат дека гледаат каква политичка игра се обидува да напарави СЈО.
-Нам ни е јасно зошто удираат по Сеад Кочан, им смета неговиот углед, авторитет, успех да ги издигне Бошњаците на нивото кои тие го заслужуваат во својата земја Македонија. Ние нема да подлегнеме под тој притисок, затоа сме денеска тука да порачаме дека Бошњаците гледаат каква политичка игра некој се обидува да направи преку СЈО. Ова што СДСМ се обидува да го направи преку СЈО е срамно и целосно потценување на бошњачката заедница во Македонија, изјави Ќоровиќ.
Ќоровиќ вели дека од таму се длабоко разочарани од работата на СЈО и дека нејзина единствена фунција е редифинирање на државата.
-Ние сме длабоко разочарани од работата на СЈО, која освен како партиска испостава, која треба да придонесе во редифинирањето на државата, нема апсолутно никаква друга функција. Доколку СЈО работеше по словото на законот и ја почитуваше правната држава, немаше да носи вакви политички мотивирани и незаконски одлуки. Ние Бошњаците сме против селективна влада, порачува Ќоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.