| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен напаѓачот на училиштето во Франција

Напаѓачот на средното училиште на југот во Франција, во Грас е уапсен, пишуваат медиумите.

Напаѓачот бил вооружан со автоматска пушка. Неколкумина се повредени.

Француските власти преку своите апликации и социјалните мрежи издале предупредување поради инцидетот што ја загрозува јавната безбедност.

Иако беше јавено дека нападот е карактеризиран како терористички, засега официјалните лица не соопштија како го третираат. Како што велат во полицијата, рано е да се говори за мотивите и за можниот тероризам.

Според АФП две лица биле повредени во нападот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top