| четврток, 6 декември 2018 |

Времето денес, утре и за викендов

сонце

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне со можност за локални врнежи  во крајните западни, како и во североисточните и источните предели. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч, односно удар на ветер со брзина и до 70 км/ч. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 20 Целзиусови степени, односно до 31 степен и  УВ индекс 7.

Македонија денес ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради силниот ветер.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува засилен југозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени и УВ-индекс 7.

В петок ќе биде претежно сончево, ветровито и со пад на дневната температура. Услови за слаб локален дожд ќе има во североисточните предели. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч, и удар на ветер со брзина и до 60 км/ч. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°C до 27°C. Ув индекс 7.

Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и посвежо.Услови за локален дожд ќе има во западните и северозападните предели. Ќе дува засилен јужен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч и удар на ветер со брзина до 50 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 27°C. Ув индекс 6.

Во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и можност за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 26°C. Ув индекс 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top