| четврток, 6 декември 2018 |

Некој си прави плажа? Што остана од трската во Охридско Езеро (ФОТО)

Голем дел од трската во крајбрежниот појас на северниот дел на Охридско Езеро, на потегот меѓу Подмоље и поранешниот автокамп „Андон Дуков“, вчера изгоре во силниот пожар што избувна на брегот.

Територијалната противпожарна единица од Охрид интервенираше со повеќе противпожарни возила и екипи, но пламенот беше тешко да се локализира, така што уништене голем дел од трската, како и друг вид грмушки и неколку дрвја во крајбрежниот појас.

трска

Причините за избувнувањето на пламенот не се познати, но речиси е извесно дека се работи за човечки фактор.

И охриѓани се сомневаат во најлошото. Загрижените граѓани коментираат дека некој сигурно си прави плажа.

Трската во Подмоље и претходно беше опожарена во неколку наврати, последен пат кон крајот на минатиот месец.

 

Фото: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top