Целата прикаска со федерализација е стратегија на меѓународната заедница, истакна на ФБ новинарката Јорданка Ивановска.

– Ако уште некој ми рече на профилов дека Платформата и федерализација се идеја на Груевски и дека он го плаќа цел регион и ЕУ за негово одржување на власт, а не дека ова се е стратегија на меѓународната заедница, ќе го банирам до недоглед, пошто сериозно немам веќе нерви за глупи луѓе, пишува Ивановска.
Реакцијата на Ивановска уследи откако белгискиот олеснувач Питер Ванхојте денеска во колумна напиша дека федерализацијата не е ништо страшно.
Таа посочува дека за само 10 дена имаме четири изјави од четворица високи претставници од Албанија, Косово и ЕУ, на штета на Македонија.
– Еве, по изјавите на Еди Рама и Хашим Тачи „Албанците да ги земат работите во свои раце“, и онаа на Дода, завчера, со закани за војна, се јавил и Ван Хојте, на 14 март, со прикаски дека федерализацијата не е ништо страшно. Тоа во новинарството се вика „вест во низа“ или нови и нови изјави со цел и интенција за продолжение на прикаската. Имаме четири изјави од четворица високи претставници од Албанија, Косово и ЕУ, на штета на Македонија. Во рок од 10 дена, вели Ивановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јоци: Затворија две фабрики, државата ја „заболе“
-
Јоци со порака до Заев: Денес конечно ќе сфатиш дека имаш арамии и џаболебари советници, отпушти ги
-
Јоци: Прикаската за „револуцијата“ се сведе на -„Ние боевме, вие само се шетавтe со нас“
-
Јоци: Oпа, имаме нова „реформаторка“, ајде, „новинари”, искачајте од фабриката и правец во Влада


