| четврток, 6 декември 2018 |

Народна банка: Граѓаните се повеќе штедат, девизните резерви се на адекватно ниво

nbm

Податоците за штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи покажуваат дека домашната економија се стабилизира, велат од Народна банка по одржувањето на редовната седница на комитетот за оперативна монетарна политика, на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Првичните февруарски податоци упатуваат на понатамошен пораст на штедењето на населението во банкарскиот систем, со што тие се зголемуваат девет месеци последователно.

– На девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите два месеца од годината, збирно, НБРМ интервенира со нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму се на адекватно ниво. Поволните остварувања се во услови кога остварувањата и оцените за стабилноста на економските фундаменти и понатаму се позитивни – велат од Народна банка.

Домашниот бруто-производ (БДП) за четвртиот квартал покажува посилен пораст на економијата во однос на претходниот квартал (2,4 отсто наспроти 2 отсто, соодветно).

Реалниот пораст на БДП за целата 2016 година изнесува 2,4 проценти и речиси и не отстапува од проекцијата на НБРМ од 2,3 проценти за 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top