| четврток, 6 декември 2018 |

Која крвна група најлошо го поднесува стресот?

Многу е важно да ја знаеме крвната група затоа што таа може да каже на кои болести сме склони, но и како се носиме со стресот и како најдобро да се ослободиме од стресот врз основа на крвната група.

Како ќе се носите со стресот зависи и од тоа која крвна група сте. Научно е докажано дека личностите со крвната група А најлошо поднесуваат стрес, а тоа е затоа што имаат повисоко ниво на кортизол во крвта, хормонот кој е одговорен за стресот, што значи дека се и поподложни на стрес во споредба со луѓето од другите крвни групи.

Физичката активност е одличен начин за ослободување од стресот, а на луѓето кои ја имаат крвната група „А“ им се препорачуваат смирувачки физички активности како таи чи и јога бидејќи тие го намалуваат нивото на кортизол.

Луѓето со крвна група „О“ најдобро поднесуваат стресни ситуации, но исто така им треба помош за да го исфрлат кортизолот од телото. Во тоа најдобро ќе им помогне енергичното вежбање со кое многу брзо ќе се ослободат стресот.

На луѓето кои имаат крвна група Б највеќе им одговара јога и други поблаги форми на физичка активност, додека пак поединците коиимаат крвна група АБ најдобро функционираат кога нивната дневна рутина е балансирана, без преголеми осцилации во стресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top